Thursday, April 16, 2015

УМЕТНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ

По повод Светскиот ден на уметноста, 15 април, Здружението за поттикнување, поддршка и афирмација на ликовната уметност НЕОАРТ во рамките на проектот Соба за Уметност под мотото: " Уметност без граници", организира изложба на дела од сите млади уметници. Сите од 2 години до 18 гидини може да донесат свое дело во Соба за Уметност кое ќе биде изложено на оваа манифестација.




По "Денот на мајката", "Ден на таткото", "Денот на жената", "Денот на музиката"светот сега го има и "Светскиот ден на уметноста"!


Во 2012 година за прв пат, во светот почна да се одбележува "Светскиот ден на уметноста" на 15 април.
Во 2011 година на Светското Генералното собрание на International Association of Art (ИАА) во Мексико / Гвадалахара, Претседателот на турскиот Национален комитет Bedri Baykam го претстави предлогот кој сугерира роденденот на Леонардо да Винчи, 15 април да се прогласи за Светски ден на уметноста.
Предлогот беше потпишан и презентиран од страна на Rosa Maria Burillo Velasco, Мексико / Anne Pourny, Франција / Liu Dawei, Кина / Christos Symeonides, Кипар (претседател на саемот на Европа) / Anders Liden, Шведска / Kan Irie, Јапонија / Pavol Kral, Словачка / Dev Chooramun, Mauritius / Hilde Rognskog, Норвешка. Предлогот беше изгласан и едногласно прифатена на Генералното собрание.
Леонардо Да Винчи безвременски како сликар, скулптор, мислител, писател, иноватор, математичар и филозоф беше совршен избор за современиот денешен свет, како и за мулти-дисциплинарните уметнички и политичко-општествени слоеви.
Сите национални комитети на светската уметност и здруженија ќе придонесат за Светскиот ден на уметноста, преку фестивали, изложби, трибини, постери, банери и забави, со потенцирање на улогата на уметноста во постигнувањето на мир и слобода.
Во 2014 година, овој настан беше одбележан во 21 држава во Светот: Аргентина, Австрија, Чиле, Костарика, Кипар, Франција, Италија, Индија, Јапонија, Маурициус, Мексико, Норвешка, Панама, Перу , Порторико, Словачка, Јужна Африка, Шведска, Турција, САД (Чикаго), Венецуела.
Светски ден на уметноста можат да го прослават сите уметници и љубители на уметноста од целиот свет. Идејата е да се одбележи еден ден што ќе ја истакне важноста на уметноста на секого од сите возрасти и раси. Секој галерија, музеј, уметнички центар, универзитетите и уметниците се слободни да организираат свои активности и да се приклучат на прославата.
Оваа година ќе го одбележиме Светскиот ден на уметноста за првпат во Македонија и за првпат во Соба за Уметност со изложба на делата од сите под 18 години.
Здружението за поттикнување, поддршка и афирмација на ликовната уметност НЕОАРТ ги повикa сите млади уметници без разлика на национална, полова и расна припадност, да донесат свое уметничко дело во Соба за Уметност, кое ќе биде изложено во рамките на оваа манифестација со што ќе придонесеме и Македонија да се приклучи кон мнозинството светски држави кои го одбележуваат овој настан со цел да се подобри креативниот развој на секого, бидејќи само креативноста дава можност за решавање на големите проблеми создадени од тековните промени на цивилизацијата.



На 15 Април 2015 по повод Светскиот ден на уметноста беше реализирана уметничка работилница и изложба за сите деца што сакаат да изложат свое дело, во галеријата на Здружението НЕОАРТ во Скопје. 
На манифестацијата со свои дела учествуваа над стотина млади уметници од цела Македонија.
  
Видео 1








Галерија